Белгиската полиција и противпожарната служба спроведоа евакуација на присутните и вработените на железничката станица во Лувен, град на 20 километри од Брисел, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според фламанската ТВ станица ВТМ, постојат сомнежи за поставена бомба на возот кој сообраќа од приморското градче Остенд кон Ојпен, каде патниците забележале чуден пакет.
Возот на кој е забележан сомнителниот пакет е запрен на станицата во Лувен, каде сите 400 патници се евакуирани, а испразнета и целата железничка станица.
Во моментов антибомбашки тимови на белгиската полиција го истражуваат возот и пакетот.