Евакуација поради шумски пожари во Калифорнија

Од:

Голем број пожарникари се борат против неколку пожари кои дивеат во руралните делови на Северна Калифорнија, поради што беше наложена и евакуација на тамошното население. Пожарите се активни во близина на Сан Франциско.

Неколку масивни пожари се надвор од контрола во окрузите Напа и Сонома, уништувајќи, засега, непознат број домови и бизниси и принудувајќи на евакуација илјадници лица. Поради пожарите затворени се главните патишта, во обид пожарникарите да ги стават под контрола огновите, кои се шират поради силниот ветер. Поради пожарот евакуирани се и две болници во Санта Роса.

Очевидци раскажуваат дека огнот ги истерал од нивните домови насред ноќ и оти биле принудени да бегаат за да го заштитат својот живот. Центри за евакуација веднаш се поставени, но американските медиуми известуваат дека нивните капацитети веднаш се полнат.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД