Евакуација на островот Амбе поради можна ерупција на вулкан

Од:

Властите на Вануату денеска наредија задолжителна евакуација на целиот остров поради заканата од ерупција на вулкан.

Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да го напуштат островот до шести октомври.

Евакуираните ќе бидат префрлени до блиските острови.

– Првпат во историјата на човештвото остров од архипелаг треба да биде целосно евакуиран поради вулкан, изјави претставник на Службата за борба со природни катастрофи во Вануату.

Вулканот Манаро се активира пред неколку недели и за време на викендот неколку села преплави со пепел и камења, што ги принуди властите да прогласат вонредна состојба.

Вануату е островска држава во југозападниот дел на Тихиот Океан, која се наоѓа на Нови Хебриди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски