EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

Од:

Европските безбедносни претставници предупредуваат на зголемен ризик од напади од страна на радикализираните исламисти по избувнувањето на војната во Појасот Газа и посочуваат дека најголемата закана претставуваат напаѓачите „волци“ кои тешко се следат.

Повеќе од 10 претставници на разузнавањето и полицијата во пет европски земји, вклучително и Велика Британија, Германија и Франција, изјавија за Ројтерс дека го засилуваат надзорот над исламистичките милитанти.

Според агенцијата, тоа дополнително ќе ги оптоварува ресурсите кои се веќе оптоварени со справување со заканите од Русија, Кина и Иран.

Неименуван британски безбедносен претставник изјави дека војната во Газа најверојатно ќе стане најголемото место за регрутирање на исламистичките милитанти од војната во Ирак во 2003 година.

Германски претставник вели дека колегите од разузнавачката заедница го информирале дека заканата за цивилите е најголема во поновата историја на Германија, а Јохен Копелке, кој го предводи најголемиот германски полициски синдикат, вели дека најголемата опасност доаѓа од „саморадикализираните“ милитанти.

„Прашање на време е кога овие луѓе ќе извршат злосторства. Не секогаш се работи за тоа дека имаат бомби. Тие можат да возат на митинг или да нападнат со нож“, рече Копелке.

Три лица беа убиени во два напади на исламистички милитанти во Франција и Белгија минатиот месец, а овие две земји, заедно со Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина, го подигнаа нивото на тревога за тероризам.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ