ЕУ сериозно загрижена поради уставните промени во Унгарија

Од:

Европската унија официјално објави дека е „сериозно загрижена“ поради уставните промени во една од своите земји членки, Унгарија, каде според проценките се загрозува демократијата.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан наведува дека правната анализа на новите закони го отвораат прашањето за владеење на правото во Унгарија.

Уставните промени усвоени минатиот месец забрануваат политички реклами и спотови на приватните медиуми, предвидуваат можност за казнување на бездомниците или да бидат приведени за живеење на улица и други измени. Овие амандмани унгарскиот Врховен суд претходно ги прогласи за неуставни.

Баросо порача дека овие замерки треба да се решат на одлучен и недвосмислен начин.

Би можело да ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

ЕУ: Зајакнување на напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ