ЕУ се закани со нови санкции кон Русија

Од:

Шефовите на држави или влади на 27-тe земји-членки на Европската унија денеска најавија заострување на санкциите против Русија, доколку Москва не ги осуди акциите на проруските сили и не почне со спроведување на договорот од Минск.

Во заедничко соопштение на лидерите од ЕУ најостро се осудива артилерискиот напад на проруските сили врз приморскиот град Мариупољ, во кој загинаа најмалку 30 лица.

– Постојат докази за континуирана и се поинтензивна поддршка од Русија на сепаратистите, што ја нагласува одговорноста на Русија, се наведува во заедничкото соопштение.

Шефовите на држави или влади на 27-те земји-членки на Европската унија им дадоа инструкции на своите министри за надворешни работи на вонредната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ в четврток да бидат разгледани неопходни акции, а особено нови рестриктивни мерки, кои ќе имаат за цел примена на договорот од Минск.

Советот на ЕУ ќе даде конечен став за санкциите најавени на неформалниот самит во Брисел следниот месец.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста