ЕУ размислува за двогодишна суспензија на Шенгенскиот договор

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ на средба в понеделник во Амстердам ќе ја разгледуваат можноста за суспензија на одредбите од Шенгенскиот договор за период од две години, јави Хина.

Според истиот извор, во седиштето на ЕУ се размислува за можноста за воведување контроли на границите меѓу државите на ЕУ, кои се членки на Шенеген зоната.

Ваквата најава од Брисел доаѓа откако шест земји-членки на Шенген зоната воведоа времена контрола на нивните граници, како мерка за справување со приливот на бегалци и економски имикгранти.

Согласно одредбите од Шенгенскиот договор, земјите-потписнички може да воведат контроли на границите во случај на безбедносни закани или вонредни ситуации во период од најмногу три месеци, со моност за нивно продолжување.

За сите вакви еднострани мерки, членките на Шенген зоната мора да ги известат Европската комисија и останатите потписнички на Договорот, при што мора да ги објаснат и причините за воведените гранични контроли.

Идејата за двогодишна суспензија на Шенгенскиот договор, според дипломатски извори, потекнува од Германија, која смета дека има бројни недостатоци во контролата на надворешни граници на ЕУ, што е и причина на енормниот бегалски наплив.

Попртапролот на Европската комисија Наташа Берто потврди дека со Шенгенскиот договор е предвидена можност за воведување времени контроли на границите.

– Комисијата е подготвена да го активира тој механмизам доколку биде неопходно, но засега не сме во таква ситуација, нагласи Берто.

Споре неа, министрите на средбата во Амстерднм в понеделник ќе разговараат за тоа што би требало да се преземе, откако ќе истече рокот на едностраните суспензии на Договорот, што ги воведоа одделни земји-членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он

Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

А1он

Сакеларопулу: Сакам да верувам дека за кратко време и Холандија и Австрија ќе ги повлечат резервите за приклучувањето на Бугарија кон Шенген

Ана Ололовска