ЕУ прави список на белоруски претставници одговорни за бруталното дејствување на протестите

Од:

Министрите за надворешни работи на 27-те држави од Европската унија денеска се согласија да подготват список на лица во Белорусија кои ќе бидат санкционирани, за насилното задушување на протестите поради кражба на изборите и победа на претседателот Александар Лукашенко на минатонеделните претседателски избори, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

– ЕУ е решена да воведе нови санкции што ќе бидат насочени кон белоруски претставници одговорни за бруталното дејствување во екс-советската држава, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Тој ги критикуваше пост-изборните немири како „целосно неприфатливи“.

– Наша цел е да ставиме одредени лица кои се познати и учествувале во злосторства против мирни протести под режимот на санкции на ЕУ, изјави тој. Мас и неговите колеги од другите земји на ЕУ денеска разговараа за тоа прашање на телеконференција.

Целите и обемот на мерките допрва треба да се утврдат. Европски службеник рече дека „ќе се изготви список со имиња“.

Полска, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија и Данска повикаа во заедничко писмо за воведување „рестриктивни мерки против белоруските службеници“ одговорни за изборните резултати, според кои претседателот Лукашенко освои 80 проценти од гласовите и за тепање и апсење на граѓански демонстранти.

Германија, Австрија и Шведска веќе побараа итни санкции, со што вкупно девет земји членки на ЕУ бараат ограничувања за режимот на претседателот Лукашенко.

Според западни медиуми кои се повикуваат на дипломатски кругови во Брисел најголемиот противник на санкции е Унгарија, која веќе побара укинување на претходните санкции за Белорусија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин