ЕУ подготвува трговска стратегија во случај Трамп да победи на изборите во САД

Од:

Европската Унија подготвува трговска стратегија во случај Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во ноември, а таа се заснова на брз договор или одмазднички тарифи доколку Вашингтон воведе царини од 10 отсто на стоките увезени во САД.

Европските преговарачи планираат да му пристапат на тимот на Доналд Трамп за да разговараат за тоа кои американски производи Европската унија би можела да ги купи во поголеми количини, пишува Financial Times (FT).

Доколку преговорите не успеат и Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе увозни царини од 10 отсто, што би можело да го намали извозот од ЕУ за околу 150 милијарди евра годишно, Брисел ќе разгледа одмазднички тарифи од 50 отсто за одредени стоки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски