ЕУ подготвена да започне преговори со Британија за Гибралтар

Од:

ЕУ денеска соопшти дека е подготвена да започне преговори со Велика Британија за Гибралтар, британска прекуморска територија на јужниот Пиринејски полуостров.

Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на ЕУ, објави дека преговарачката позиција на блокот е усвоена и дека Европската комисија сега може да започне преговори.

„Целта на преговорите е да се постигне широк и избалансиран договор помеѓу ЕУ и Обединетото кралство за Гибралтар, со оглед на специфичната географска положба и специфичностите на Гибралтар“, се наведува во соопштението.

Гибралтар не беше вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија кон крајот на минатата година, кој ги поставува основите на нивната врска и механизмите за решавање спорови.

Жителите на Гибралтар гласаа со мнозинство гласови против Брегзит. Тие сега се соочуваат со големи проблеми бидејќи нивната мала територија, економски зависна од Шпанија, е принудена да се справи со последиците.

Портпаролот на владата на Гибралтар рече дека главниот министер на територијата се очекува да даде изјава за разговорите подоцна денеска.

Официјални лица во Гибралтар и британската влада се скептични во врска со преговарачкиот мандат на ЕУ што го претстави Комисијата во јули.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски