Европската комисија денеска во Брисел претстави контроверзен план за згрижување на имигрантите со воведување на квота со која се одредува колку од нив мора да прими секоја од 28-те земји-членки на ЕУ.
Планот е претставен од првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Според досегашните правила, одговорноста за згрижување на бегалците ја имаше првата земја во која влегле, а со тоа во тешка положба се доведоа Италија, Грција и Малта, најчести дестинации на имигтрантите.
– Сега секоја земја-членка ќе мора да понесе свој дел од товарот, што е во согласност со основното начело на солидарност, но и со меѓународните конвенции за азиланти, посочи Могерини.
Планот предизвика е жесток отпот кај некои земји-членки, посебно кај Велика Британија и Унгарија. Лондон тврди дека со планот се крши сувереното право на Велика Британија која сама одлучува дали ќе ги прими имигрантите, а унгарскиот премиер Виктор Орбан наведе дека системот на квоти е „луд и опасен“.