ЕУ: Неправилно искористена европската помош по земјотресот во Италија во 2009 година

Од:

Европската помош за Италија по катастрофалниот земјотрес, што го погоди градот Аквила пред четири години, била неправилно искористена за изградба на постојани, наместо за привремени објекти, за лицата кои останаа без своите домови, изјави денеска финансискиот инспектор на ЕУ.

Европската комисија, сепак ги отфрли обвиненијата како „целосно неосновани“.

ЕУ обезбеди 494 милиони евра итна помош од Фондот „Солидарност“ на унијата по земјотресот во кој загинаа околу 300 лица и остави без домови над 60.000 луѓе.

Најголем дел од средствата, околу 350 милиони евра биле за проектот „CASE“, кој има за цел изградба на издржливи на земјотреси и еколошки чисти домови.

Судот на ревизорите на ЕУ, со седиште во Луксембург, соопшти дека проектот не исполнил одредени барања на Фондот „Солидарност“, бидејќи се изградени постојани живеалишта, наместо привремени домови. Проектот, исто така, не ги задоволил навремено и во доволен степен вистинските потреби на населението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски