ЕУ може да стекне колективен имунитет до средината на јули

Од:

Еврокомесарот за единствен пазар, Тиери Бретон, изјави дека Европа до средината на јули може да постигне колективен имунитет на коронавирусот, воедно најававувајќи го и зголемувањето на испораките на вакцини до земјите членки.

-Да го земеме симболичниот датум – 14 јули, дотогаш би можеле да постигнеме имунитет на европско ниво, рече Бретон за францускиот канал ТФ1. Патем, 14 јули е национален празник во Франција, Денот на падот на Бастилја.

Бретон додаде дека постои само едно решение за надминување на епидемијата, а тоа е вакцинацијата.

-Вакцините пристигнуваат и ќе ги имаме“, додаде еврокомесарот, наведувајќи дека од март до јуни ќе бидат доставени 300 до 350 милиони дози на вакцини против коронавирусот.

Според него, 55 фабрики во Европа веќе произведуваат вакцини против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел