ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

Од:

Европската Комисија (ЕК) во следните две недели ќе претстави патоказ за тоа како има намера постепено да го укине целиот увоз на руски фосилни горива, изјави денеска претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на енергетскиот самит во Лондон.

Фон дер Лајен рече дека увозот на руски гас во земјите на ЕУ е намален на 18 отсто од околу 45 отсто во 2021 година, но дека треба дополнително да се намали, објави Ројтерс.

Таа посочи дека рускиот гас е делумно заменет со увоз на течен природен гас (LNG) од САД и гас од Норвешка.

Состанокот во Лондон го организираа Владата на Обединетото Кралство и Меѓународната агенција за енергија.

ЕК вети постепено укинување на употребата на руските фосилни горива до 2027 година како одговор на рускиот напад врз Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака ЕУ да купува повеќе американски гас, пренесува Ројтерс, истакнувајќи дека европските претставници го гледаат ова како можност да преговараат за намалување на американските царини за ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот