ЕУ ќе бара месечни извештаи од Фејсбук и од Твитер за руските лажни вести

Од:

Европската Комисија денеска треба да го обелодени својот нов акциски план за борба против лажните вести во пресрет на европските избори во мај 2019 година.

Според најавите за медиумите, ЕК ќе бара од големите дигитални платформи како Твитер, Фејзбук и Гугл месечни извештаи за руските кампањи на дезинформации, кои ги таргетираат европските гласачи.

Извештаите ќе се поднесуваат од јануари до мај 2019 и ќе содржат информации за политички реклами како и детали за лажни профили и ботови кои ќе треба да се деактивираат.

Се очекува ЕК да побара од земјите членки значително поголема финансиска поддршка за единицата “Стратком“, која се занимава со детектирање лажни вести од Русија.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ