ЕУ ја поздрави реакцијата на Твитер за дезинформациите во твитовите на Трамп

Од:

Еврокомесарката за правда Вера Јурова денеска изјави дека реакцијата на социјалната мрежа Твитер, на твитовите на американскиот претседател била правилна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претседателот на САД пред неколку дена двапати беше опоменат од страна на службите за проверка на факти и на кодексот на однесување на социјалната мрежа. Едниот твит кој се однесуваше на „измамите“ поврзани со „гласањето преку пошта“ беше обележан како потенцијална дезинформација на мрежата. Опомената беше придружена со линкови до фактите на оваа тема.

Твитер го опомена американскиот претседател и поради ширење повици за насилство.

Европската Комисија денеска ја поздрави реакцијата на социјалната мрежа и оцени дека таа беше правилна бидејќи твитот на беше избришан.

-Ја поздравувам реакцијата на твитовите на Трамп, тие не ги избришаа твитовите, туку ги промовираа фактите, изјави еврокомесарката за правда Вера Јурова, одговарајќи на новинарско прашање.

Европската Комисија денеска ја презентираше својата стратегија за борба против дезинформациите во време на пандемијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд