ЕУ и НАТО: Нуклеарната проба закана за мирот

Од:

Европската унија и НАТО денеска во одвоени соопштенија најостро ја осудија третата севернокорејска нуклеарна проба и предупредија дека таа претставува закана за мирот во Југоисточна Азија.

ЕУ најостро ја осудува оваа проба, која е уште еден чекор кон стекнувањето на нуклеарен капацитет и ги повика севернокорејските власти да се воздржат од натамошни провокации, порача високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Унијата, Кетрин Ештон.

Таа предупреди дека таквото однесување го загрозува мирот на Корејскиот Полуостров и оти е во спротивност со Резолуцијата 2087, која минатиот месец едногласно е усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ештон ја повика Северна Кореја да се врати на преговарачкиот процес со цел да се воспостави регионална стабилност.

Северноатлантскиот совет преку соопштение констатираше дека развивањето на оружје за масовно уништување е сериозна закана за мирот и одраз на континуираното пркосење на севернокорејските власт како кон Советот за безбедност на ОН, така и кон пошироката меѓународна заедница.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството