ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата.

На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи воени лица и „пропагандисти кои придонеле за ширење на антиукраинската пропаганда“, се вели во соопштението на ЕУ.

Меѓу санкционираните се Игор Сечин, директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, и извршниот директор на енергетскиот гигант Транснефт, Николај Токарев.

Олигарсите Алишер Усманов, Пјотр Авен, Александар Пономаренко и банкарот Михаил Фридман, исто така, се наоѓаат на списокот.

Санкции се воведени и против рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко, други членови на руската влада и истакнати новинари.

Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот или забрана за пристап до имот.

На „црната листа“ се најде и осигурителната компанија СОГАЗ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

САД и ЕУ и се закануваат на Русија: „Ова е исклучително опасна ескалација“

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

Орце Костов

Медведев: Војната може да трае со децении

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозии во рускиот град Краснодар

Ана Ололовска