ЕУ го остава во сила пакетот санкции против Русија

Од:

Пратениците од земјите во Европската унија го оставаат во сила пакетот санкции против Русија, наметнати заради поддршката на Москва за сепаратистите во источна Украина, пренесоа британските медиуми, цитирајќи претставник на ЕУ.

-Ја заддржуваме статус кво ситуацијата, посочи претставникот на ЕУ по средбата што беше посветена на разгледување на почитувањето на примирјето меѓу Киев и проруските сепаратисти.

„Никој дури не зборуваше за можноста за кревање на санкциите, имајќи ја предвид ситуацијата на лице место“, забележа друг европски извор.

За да може да почне етапно повлекување на ЕУ санкциите кон Русија, можно е неопходна да биде и одлука на лидерите на ЕУ, посочува извор цитиран од ИТАР-ТАСС.

„Денешното заседание на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници во принцип немаше овластувања да донесува одлука за санкциите. Неговата задача беше да ја процени ситуацијата во Украина. Засега можеме да утврдиме само почитување на нестабилната рамнотежа“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна