ЕУ е многу загрижена за воениот удар во Судан

Од:

Европската унија изрази голема загриженост за воениот удар во Судан и повика на мирен транзициски процес, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според вестите кои пристигаат од Судан, воените сили го ставиле претседателот во домашен притвор и уапсиле неколку членови од владата.

Европската унија реагираше денеска преку портпаролката Набила Масрали задолжена за надворешна политика.

-Европската унија повикува итно да се воспостават повторно сите средства за комуникација за да може да се допре до најранливите, крвопролевањето и насилството мора да се избегнат по секоја цена, со оглед на тоа дека целиот регион се соочува со предизвици, заштитата на Судан е поитна од било кога, изјави Масрали.

Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, ги повика сите инволвирани чинители и регионалните партнери да придонесат кон враќање на транзицискиот процес во оваа најсиромашна африканска земја.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел