ЕУ донесе одлука за подготовки за втора фаза од преговорите за Брегзит

Од:

Лидерите на 27-те земји членки, кои ќе останат во Европската унија по заминувањето на Велика Британија, на Самитот во Брисел одлучија да започнат подготовки за втората фаза од преговорите за Брегзит.

Ова го најави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер.

– Заклучоците за Брегзит се прифатени. Лидерите даваат зелено светло за почеток на подготовките на втора фаза, напиша Туск.

Дваесет и седумте шефови на држави и влади информираа дека во декември ќе дадат нова оценка дали има доволен напредок во клучните прашања, со што ќе се дозволи преговорите да преминат кон разгледување на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави дека ги уверила колегите од ЕУ оти Велика Британија ќе ги исполни обврските кон Унијата поврзани со Брекзит.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он