Европската унија, Африканската унија и Обединетите нации најавија формирање на специјална експертска група, чија задача ќе биде заштита на мигрантите кои доаѓаат од земји погодени од воени конфликти.
Овие три организации ќе работат да ги заштитат мигрантите при нивното движење кон Европа, пред се на опасната рута низ Африка до Либија. Дел од планот е и да се забрза процесот на доброволно враќање на мигрантите и одбиените баратели на азил во нивните родни земји или да се обезбедат нови домови за нив.