ЕТЦ: За намалувањето на емисиите на штетни гасови потребни се до 2.000 милијарди долари годишно

Од:

Постигнувањето на нето нула емисии на штетни гасови до средината на векот би чинело дополнителни од илјада до две илјади милијарди долари годишно, покажуваат резултатите од истражувањето на Комисијата за енергетска транзиција (ЕТЦ).

Според истражувањето за растот на температурата на Земјата во овој век да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови ќе мора емисиите на штетни гасови, што предизвикуваат ефект на стаклена градина, да бидат сведени на нула.

ЕТЦ наведува и дека се нужни и драматични подобрувања во енергетската ефикасност, а годишната понуда на електрична енергија ќе мора да има раст од четири до петпати за да достигне од 90.000 до 115.000 теравати часа. Додека годишниот раст на капацитетите за производство на струја од ветер и Сонце ќе мора да бидат од пет до шестпати поголеми отколку во 2019 година.

Исто така се предлага во собраќајниот и индустрискиот сектор да се користи само енергија од обновливи извори, а кога не е можно тоа да се користи водорот. Преостаната потрошувачка на енергија треба да се декарбонизира со собирање и складирање на јаглерод и одржлива биоенергија.

Според ЕТЦ, Кина има ресурси и технологија да стане богата, развиена економија без јаглерод до 2050 година, додека земјите во развој би требало да можат до 2060 година да постигнат нето нула емисии на штетни гасови.

ЕТЦ е глобална коалиција на 40 производители на енергија, индустриски фабрики и финансиски институции, помеѓу кои и Арцелор Митал, ХСБЦ, Шел, Орстед и Банка на Америка, чија цел е економија со нето нула емисија на штетни гасови од 2050 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица