Ештон апелира за намалување на израелската блокада за појасот Газа

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска апелираше за намалување на изралската блокада за Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото движење Хамас.

Ештон го посети Појасот Газа по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах во Западниот Брег и средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Хамас изрази жалење поради тоа што Ештон не се сретнала со никој од официјалните лица на движењето, кое е на листата терористички организации на ЕУ.

Таа денеска на Светскиот ден на бегалците ја посети Газа каде се сместени една четвртина од 5,3 милиони палестински бегалци.

– Ние сакаме са бидат отворени премините и да се подобри економската состојба во појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица