Ештон: Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Црна Гора ги поддржаа новите санкции против Русија

Од:

Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Црна Гора ги поддржаа новите санкции на Европската унија против Русија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Ештон ја поздрави во името на ЕУ одлуката на државите.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ја проширија на 12 мај по четврти пат листата на санкции против Русија поради украинската криза. Со тоа „црната листа“ се зголеми на 61 лице. Над една третина од нив се граѓани на Украина, претставници на спротивставените на киевските власти региони, што ЕУ заедно со Русија ги обвинува за поткопување на територијалната целост на Украина.

Во проширениот „црн список“ на ЕУ за Русија беа вклучени и 13 нови лица и за првпат од почетокот на украинската криза ЕУ наложи санкции на две енергетски компании со седиште во Крим „Черноморскнефтгаз“ и „Феодосија“. ЕУ одлучи да ги замрзне европските активи на овие компании, кои беа национализирнаи од Русија по анексирањето на Крим.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста