Вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптираше по четврти пат од декември, исфрлајќи големи количества лава во воздухот, што предизвика евакуација на локалните жители и прогласување вонредна состојба. Се верува дека тоа е најсилната ерупција од декември, а лавата стигнала до источните одбранбени ѕидови околу евакуираниот град Гриндавик, објавија локалните медиуми.
Луѓето беа евакуирани и од популарното туристичко место, спа центарот Blue Lagoon. Засега воздушниот простор над Исланд е отворен, јави Би-Би-Си.
Вулканот последен пат еруптираше на почетокот на февруари, исфрли централно греење за 20.000 луѓе, додека лавата уништи патишта и цевководи.
Тоа е седма ерупција во областа Рејкјанес од 2021 година. Исланд е сеизмичко и вулканско жариште бидејќи се наоѓа помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, кои се движат во спротивни насоки.
Исландските власти почнаа да градат насипи за да ги пренасочат запалените текови на лава подалеку од домовите и критичната инфраструктура, пишува Ројтерс. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.