Еруптира вулкан на архипелагот Галапагос

Од:

улкан на еден од островите во архипелагот Галапагос еруптира за првпат по 33 години, заканувајќи се за екосистемот, што го инспирирал Чарлс Дарвин за формирање на теоријата на еволуција.

Администрацијата на еквадорскиот Национален парк Галапагос соопшти дека 1,7 километри високиот вулкан Волф почнал утринава да исфрла оган, чад и лава.

Вулканот се наоѓа на северниот дел на островот Изабела, најголемиот во архипелагот и е далеку од единственото населено место Пуерто Виљамил, кој се наоѓа 115 километри јужно. Според локалните власти туристичките работи не се загрозени поради ерупцијата.

Лавата која се движи во правец на југозапад засега не претставува опасност по единствената популација во светот на розови игуани, кои живеат во северозападниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски