Ерупција на вулканите Кључевскаја и Жупановски на Камчатка

Од:

Вулканите Кључевскаја и Жупановски, што се наоѓаат на далечниот исток на Русија, на полуостровот Камчатка, денеска исфрлија пепел, сооошти сеизмолошката служба на Камчатка.

Вулкански облак се прошири на височина од 500 километри, заради што е покренато портокалово ниво на опасност за авијацијата, што е четврто ниво на скалата од пет, пренесе ТАСС.

Во близина на вулканот Кључевскаја, висок 4.750 метри, нема населени места, а неговата активност трае и натаму.

Ова е највисокиот активен вулкан во евроазија, наведе ТАСС.

Вулканот Жупановски исфрла пепел на околу три километри во височина. Во близина на овој вулкан, исто така, нема населени места.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов