Ердоган за нападот во Анкара: Терористите никогаш нема да ги постигнат своите цели

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека терористите, кои извршија бомбашки напад пред Министерството за внатрешни работи во Анкара, не успеале во „последниот обид“ да го загрозат мирот и безбедноста на граѓаните.

„Тие не ги постигнаа своите цели и никогаш нема да ги постигнат“, рече Ердоган при обраќањето пред пратениците во турскиот парламент.

Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги обезбедува своите јужни граници од милитантите кои доаѓаат однадвор.

Владата на Турција претходно соопшти дека денеска двајца терористи извршиле бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, во кој се повредени двајца полицајци.

Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.

Нападот се случи во централниот кварт Кизилај, ден кога Ердоган присуствува на седница на парламентот, кој се наоѓа на километар од зградата на турското МВР.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел