Ердоган во прва официјална посета на земја од ЕУ по обидот за пуч

Од:

Полска се надева дека Турција на крајот ќе стане членка на Европската унија, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда по денешната средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.

– Полска ги поддржувала и денес продолжува да ги поддржува напорите на Турција за влез во ЕУ, рече Дуда на заедничка прес-конференција со Ердоган.

Изјавата на полскиот претседател доаѓа пред самит на Унијата на кој ќе се разговара за влошувањето на односите меѓу Брисел и Анкара.

Ердоган престојува во прва официјална посета во една земја од ЕУ по обидот за државен удар во јули минатата година. Тој ја посети Белгија во мај за средба на НАТО и Хамбург за средба на Г20 во јули, но Полска е првата земја од ЕУ која го покани во посета во рамките на билатералните односи, по прогонот кој Турција го спроведува против осомничени за учество во обидот за пуч.

– Ако ЕУ смета дека пристапување на Турција не е можно, треба тоа конечно да ни го каже, истакна Ердоган.

Според него, Турција потрошила 30 милијарди долари, за да прифати на своја територија над три милиони мигранти, додека ЕУ, која вети шест милијарди евра, „досега обезбедила едвај 885 милиони“.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив