Ердоган: Турција нема да се откаже од рускиот одбранбен систем

Од:

Анкара нема да се откаже од рускиот ракетен одбранбен систем С-400, дури и ако го набави американскиот систем „Патриот“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неговото враќање од Вашингтон.

– Им кажавме на САД дека ќе го купиме системот „Патриот“ ако ни понудат добра зделка. Сепак, сметаме дека (американската) понуда целосно да се откажеме од С-400 е сосема погрешна, рече Ердоган за НТВ.

– За нас е важно да го имаме С-400 во нашиот одбранбен систем. Ние ќе го купиме и С-400 и Патриот затоа што го развиваме нашиот одбранбен систем на разновиден начин. Тоа е стратегија на нашите вооружени сили, истакна Ердоган.

Тој ја отфрли можноста за избор меѓу Русија и САД како курс за надворешна политика на Турција.

– Постојат политичари кои ме прашуваат кој е непријателот: САД или Русија. Не сакам непријатели. Сакам да бидам пријател и со Америка и со Русија. Тоа е нашата цел и ние преземаме соодветни чекори кон тоа. А некои се загрижени поради тоа, заклучи претседателот на Турција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски