Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Турција не може да ги занемари своите врски со Русија или Украина.
Тој додаде дека Анкара ќе спроведе делови од меѓународниот договор за користење на турските мориња, што може да го ограничи транзитот на руски бродови од Средоземното Море до Црното Море.
Турција дели поморска граница со Украина и Русија и има добри врски со двете земји, наведува британската агенција.
Говорејќи по владиниот состанок, Ердоган го критикуваше, како што рече, неодлучниот однос на САД и западните сили кон нападот на Украина, велејќи дека таквиот пристап е знак за пад на меѓународниот поредок.
Тој рече дека Турција нема да прави компромиси за своите обврски кон нејзините сојузи, вклучително и НАТО, но дека исто така не може да се сврти против националните интереси во нејзиниот регион.
Ердоган повтори дека верува, како што рече, дека руската инвазија е неприфатлива.