Ердоган: Турција ќе влезе во Манбиџ ако САД не обезбедат повлекување на курдската милиција

Од:

Турските сили ќе влезат во сирискиот град Манбиџ, ако САД не обезбедат повлекување на Силите за заштита на народот на сириските Курди од овој регион, изјави во Истанбул турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Анкара е решена да обезбеди мир во областа источно од реката Еуфрат во Сирија.

Анкара и Вашингтон имаат несогласување во врска со позицијата на Силите за заштита на народот.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 1984 година води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терорстички организации на Турција, САД и ЕУ.

Од друга страна, САД во Силите за заштита на народот гледаат важен партнер во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Турција и САД претходно годинава постигнаа договор за Манбиџ по неколкумесечните несогласувања, кој предвидува Силите за заштита на народот да се повлечат целосно од градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски