Ердоган – Рохани: Референдумот во Ирачки Курдистан ќе предизвика хаос во регионот

Од:

Претседателите на Турција и на Иран, Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани синоќа телефонски разговараа за референдумот во Ирачки Курдистан, што е закажан за денеска, јави турската новинска агенција Анадолија.

Ердоган и Рохани се согласија дека референдумот не треба да се одржи бидејќи ќе предизвика хаос во регионот. Двајцата лидери посочија дека големо значење има територијалната целост на Ирак.

Во исто време, ирачката Влада нареди Ирачки Курдистан да ја предаде контролата на Багдад врз меѓународните гранични пунктови и меѓународни аеродроми.

Ирачката Влада апелира до државите да престанат да купуваат нафта од Ирачки Курдистан и за прашања за границите и за аеродромите да се обратат на централната Влада во Багдад.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран