Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Од:

Иран нема да преговара со САД се додека трае кампањата за „максимален притисок“ на администрацијата на Трамп, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Арагчи.

„Укинувањето на санкциите бара преговори, но не во рамките на „максимален притисок“, бидејќи во тој случај тоа не би биле преговори, туку форма на потчинување“, се вели во изјавата на Арагчи, пренесува Шафак њуз.

Тој нагласи дека Иран не сака да преговара со земја која истовремено воведува нови санкции.

Неговата изјава дојде еден ден откако иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ја повика иранската влада да избегне разговори со Вашингтон, нарекувајќи го таквиот потег „непромислен“ и велејќи дека САД не ги почитувале договорите со Техеран во минатото.

Иран постигна нуклеарен договор со САД, Франција, Германија, Велика Британија, Кина и Русија во 2015 година и се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, пишува порталот.

Сепак, тогашниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот во 2018 година, повторно воведувајќи остри санкции кон Техеран и покрај противењето на европските сојузници.

Минатата среда Трамп ја повтори својата поддршка за „мировниот договор“ со Иран, но инсистираше на тоа дека Техеран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје.

Во меѓувреме, американското Министерство за финансии усвои нови санкции во четвртокот, насочени кон глобална мрежа обвинета за олеснување на испораката на милиони барели иранска сурова нафта во вредност од стотици милиони долари во Кина.

Би можело да ве интересира

Лавров: Се надеваат дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочен

Барнеа: Израел му нанесе значителна штета на Иран за време на 12-дневната операција

САД воведуваат нови санкции врз Иран

Шпионска афера во Германија, вмешан е и Иран

Калас го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордо