Ердоган: Обидот за државен удар пред десет години беше обид за окупација на Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека обидот за државен удар во земјата пред точно 10 години не бил само рутински обид за државен удар, туку сеопфатен обид за окупација што претставувал сериозна закана за независноста на земјата.

Тој во писмена изјава нагласи дека целта на она што го оцени како најбрутален обид за државен удар во политичката историја на Турција, извршен од групата ФЕТО на Фетулах Ѓулен, која тајно се инфилтрирала во институциите на земјата, била да ја потопи Турција во долг период на хаос и да ја стави под контрола иднината на нацијата.

– Промисленоста, храброста и мудроста што ги покажа турскиот народ во ноќта на 15 јули несомнено претставуваат невиден пример во историјата на светската демократија. Овој предавнички обид извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) не бил само обичен обид за државен удар, туку сеопфатен обид за окупација што претставувал сериозна закана за независноста на нашата земја, рече Ердоган.

Тој додаде дека првите цели на пучистите биле Претседателскиот комплекс и Големото национално собрание, и потсети дека во своето обраќање во ноќта на 15 јули, тој нагласил дека никогаш не признал сила поголема од моќта на народот.

„Додека ги изговарав тие зборови, бев убеден дека турскиот народ ќе се залага за својата волја. Всушност, истата таа ноќ, нашиот народ, исполнет со длабока вера и самодоверба, масовно излезе на улиците и одби да се покори на терористичката организација. Подготвени да ги дадат своите животи за да ја заштитат независноста на својата татковина, демократските достигнувања и слободната волја, нашиот народ го одби нападот на пучистите и напиша еп на национална волја што гордо ќе се пренесува од генерација на генерација. Инспирирани од храбриот став на нашиот народ, ние исто така презедовме чекори без одлагање за што е можно поскоро да ги отстраниме негативните последици од овој предавнички обид“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации