Ердоган: На ОН им се потребни структурни реформи

Од:

ОН треба да бидат реформирани, но на Организацијата и се потребни стуктурни реформи, изјави денеска во Њујорк турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Реформата одново е на дневен ред оваа година (на сесијата на Генералното собрание на ОН). Но, тоа не е реформа каква што ние сакаме. Она што навистина треба е реформа на структурата на ОН, изјави Ердоган на церемонијата на свечено отворање на „Турскиот дом“ во Њујорк.

Според него, доколку не бидат спроведени структурни реформи, не ќе може да се добие „здрава Организација на Обединетите нации“.

Ердоган, кој во Њујорк ќе присуствот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, оцени дека сегашната структура на Организацијата „не служи на целта за гарантирање на глобалниот мир“.

– Додека се зголемува бројот на земјите, се менува и формата на заканите. Неопходно е да бидат утврдени нови методи за борба против овие закани, истакна Ердоган, додавајќи дека Турција предложила Истанбул да стане „центар на ОН“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ