Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на заедничка прес-конференција со словачкиот премиер Роберт Фицо во Анкара изјави дека мора да се спроведат сите фази од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас.

„Сите фази од договорот мора да се спроведат и хуманитарната помош мора континуирано да се доставува до Газа. Турција ќе продолжи да го следи процесот се додека не се воспостави независна, суверена држава Палестина, со источен Ерусалим како главен град, врз основа на границите од 1967 година“, рече Ердоган.

Ердоган додаде дека укинувањето на меѓународните ограничувања за Сирија од периодот на соборениот режим на Башар ал Асад е важно за почетокот на обновата на земјата, јавува Anadolu Agency.

Во врска со руско-украинската војна, Ердоган рече дека ништо не може да се постигне со војна и дека на оваа тема ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. Говорејќи за прекинот на транзитот на гас преку територијата на Украина, Ердоган рече дека Турција преку Министерството за надворешни работи ги презела неопходните чекори за отворање на преговорите на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст