Ердоган ја повика ЕУ да помогне во продолжување на договорот за извоз на жито од Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да ја одигра својата улога во продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Како што јави Анадолија, Ердоган поканата до ЕУ ја упати ​​на состанокот зад затворени врати со францускиот колега Емануел Макрон, на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, каде двајцата лидери разговараа за билатералните односи и регионалниот развој.

Ердоган кажа дека коридорот за жито повторно почна да функционира по интензивните напори на Турција, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател.

Турција, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руската инвазија на Украина.

Страните преговараат за можно проширување на договорот, што истекува на 19 ноември, со извоз на руско жито и ѓубриво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо