Ердоган: Израел е закана за човештвото, не само за Палестина и Либан

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска на состанокот на покраинските претседатели на неговата партија АКП изјави дека Израел е закана не само за Палестина и Либан, туку и за целото човештво и за светот.

„Единствената земја во нашиот регион што ја бара својата безбедност преку агресија, масакри и грабеж на земјиште е Израел. Земјата која се однесува како терористичка организација е Израел“, рече тој.

Тој посочи дека Израел „извршил варварство што ќе го засени Хитлер“, а Газа денес е најголемиот логор за истребување, пренесува Анадолија.

Тој ги осуди западните лидери кои, како што рече, речиси 300 дена од далечина ги следат настаните во Појасот Газа, наместо да ја гарантираат меѓународната безбедност.

„Уште колку илјадници деца треба да умрат за да се види дека инвазивната политика на Израел го загрозува целиот регион. Овој геноцид, оваа бруталност, ова варварство мора веднаш да се запре, од сојузот на човештвото, пред да биде предоцна“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски