Ердоган: Израел да не го отежнува функционирањето на палестинската држава

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање на петтиот Турско-арапски форум за соработка изјави дека со добивањето статус на земја набљудувач, нечленка, во ОН ќе се отвори пат Палестина наскоро да стане и полноравна членка на светската организација.

– Палестина е рана која крвари во душите, не само на луѓето во овој дел од светот, туку во душите на целото човештво. Иако треба да се постигне многу повеќе, сепак новиот статус ни дава надеж дека Палестина наскоро ќе стане целосно независна и суверена држава, истакна Ердоган.

Тој додаде дека новиот статус на Палестинците претставува победа за сите муслимани во светот и за сите луѓе со добра волја.

Турскиот премиер нагласи дека по последното гласање во ОН Израел нема право да го компромитира Источен Ерусалим како главен град на Палестинците.

– Израел конечно мора да сфати дека се додека не се реши палестинското прашање во целиот регион нема да има мир, стабилност и благосостојба, додаде Ердоган.

Би можело да ве интересира

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут