Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата.

Во телефонскиот разговор, Ердоган рече и дека Анкара очекува поддршка од Хелсинки за нејзината борба против терористичките организации кои претставуваат закана за националната безбедност и нејзиниот народ.

Ердоган претходно ја информираше шведската премиерка Магдалена Андерсон дека Анкара очекува конкретни чекори поради врските на земјата со терористичките организации.

Во телефонскиот разговор Ердоган додаде дека треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено кон Турција, кое Шведска го поддржа по влегувањето на турската армија во Сирија во 2019 година, јавува Анадолија.

Анкара тврди дека Шведска и Финска ја поддржуваат милитантната група на Курдската работничка партија (ПКК) и следбениците на Фетула Ѓулен, кого го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Турција ги изненади сојузниците во НАТО минатата недела со тоа што се спротивстави на приемот на двете земји во организацијата, но западните лидери изразија уверување дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за тоа да се постигне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“