Епл ги отвори своите продавници во Кина, кои беа затворени еден месец заради коронавирусот

Од:

Епл официјално ги отвори сите свои продавници во Кина, кои беа затворени поради епидемијата на коронавирус.

Според Би-Би-Си, од денес сите 42 продавници на Епл се отворени, иако некои имаат посебно работно време.

Продавниците беа затворени од средината на февруари, бидејќи Кина стави во карантин неколку градови во земјата во обид да го спречи ширењето на вирусот.

Епидемијата генерално влијаеше на падот на побарувачката за нови телефони, така што продажбата на Епл е повеќе од преполовена во февруари во однос на истиот месец лани.
Имено, американскиот технолошки гигант продаде околу 494.000 ајфони во Кина во февруари, што претставува зголемување од 1,27 милиони парчиња во истиот месец во 2019 година.

Сега во Италија се затворени сите 17 продавници на Епл, бидејќи владата во Рим воведе ригорозни мерки заради вирусот „Ковид-19“ што владее во северните области на земјата и целата земја ја стави во карантин.

Епл ги отвори своите продавници во Кина, кои беа затворени еден месец заради коронавирусот

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски