Политика – Белград
Додека застрашувачката болест стивнува, западна Африка подготвува Предлог-Маршаловиот план за пролетното заседание на Светската банка.
Сите земји треба да инвестираат во заштита од глобални епидемии: тие инвестиции треба да бидат еден од приоритетите во 2015 година, порача неодамна Џим Јонг Ким, претседателот на Светска банка. По повод оваа оценка најмасовната епидемија е онаа на еболата, смртоносна крвна болест која од декември 2013 година до денес се уште постои во делови на западна Африка.
– Светот мора многу побрзо и поефикасно да реагира во случај на идни смртоносни епидемии, да се избегне трагичната и непотребна хуманитарна и економска цена која произлезе од епидемијата на ебола, смета Џим Јонг Ким.
Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, епицентар на првата епидемија на ебола во западна Африка се во процес на собирање на сите последици од ерупцијата на таа болест, но и подготовки на Маршаловиот план за своето стопанско зајакнување кои ќе ги претстават на пролетното заседание на Светска банка во Вашингтон. Остатокот на светот, лани во голема паника поради можно ширење на еболата, денес главно стравува од таа болест која инаку првпат била регистрирана во 1976 година во тогашен Заир (ДР Конго).
– Сега кога се чини дека еболата стивнува, се плашиме дека донаторите ќе свртат глава од жариштата на епидемијата која за жал може повторно да земе замав, предупреди претседателката на Либерија Хелен Сирлиф-Џоунс, на конференцијата за еболата во Брисел.
Десет илјади мртви, 24 илјади заразени со на опасниот тип на вирусот на еболата во западна Африка, еден од најсиромашните региони во светот. Економската штета? Меѓу половина милијарда и 6,2 милијарди американски долари, зависно од проценката на големината на погодените подрачја. Помош од остатокот од светот? Помалку од половината лани, во екот на епидемијата, ветени 5,2 милијарди долари. Тоа е грубо досегашниот меѓународен биланс од последиците на 15-месечната епидемија на најопасниот облик на ебола, чија смртоност изнесува од 50 до 90 отсто, зависно од подтипот на вирусот.
Наспроти драстичните локални и меѓународни мерки, како затворање на државните граници и прекин на авионскиот и поморскиот сообраќај од здравствени причини, што не се применувани од Втората светска војна, епидемијата на еболата се уште не е сосема спречена долж брегот на Гвинејскиот Залив.
Сепак, Западна Африка, пред се Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, епицентар на првата масовна појава на оваа болест, овие денови не го кријат олеснувањето поради драстичниот пад на бројот на случаи на зараза.
Беатрис Јардоло, последна пациентка заболена од ебола во Либерија, пуштена е дома здрава од кинескиот медицински центар на периферијата на главниот град на Монровија.
– Либерија сепак е внимателна. Ја следиме здравствената состојба уште на 100 потенцијални носители на вирусот, предупреди Толберт Њесвах, шеф на либерискиот Центар за борба против еболата. Гвинеја и Сиера Леоне последните недели во февруари забележаа 132 нови случаи на ебола, 32 повеќе од претходните седум дена, соопшти СЗО.
Во меѓувреме, остатокот од светот, до вчера преплашен поради можно ширење на болеста далеку од Африка, денес не го крие олеснувањето поради локализирање на заразата во западна Африка.
Така Северна Кореја ги отвори границите на странските туристи и учесници на априлскиот маратон во Пјонгјанг, откако поради еболата ги затвори за туристи од минатиот октомври. На другиот крај на светот, Европската комисија овие денови имаше голема меѓународна конференција во Брисел на тема „Ебола, од вонредна состојба до смирување на состојбата“. На собирот во Брисел, лидерите на Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне настапија со предлог да се подготви меѓународен Маршалов план за стопанска обнова на осакатениот регион чие стопанство претрпе вкупна штета со намалување за 12 отсто на очекуваниот БДП за оваа година.
– Сега кога се чини дека еболата стивнува, се плашиме дека донаторите ќе ја свртат главата од жариштето на епидемијата, која за жал може повторно да се разгори, изјави претседателката на Либерија Хелен Сирлиф-Џоунс.
Стравот од можна рамнодушност кај остатокот од светот има основа во ланскиот однос на меѓународната заедница кон оваа ретка зараза.
Прво СЗО со месеци остануваше рамнодушна на многуте апели на „Лекари без граници“, од теренот дека по необјаснивата појава на болеста во Гвинејскиот Залив во декември 2013, еболата незадржливо се шири од брегот на реката Мано на тромеѓето на трите држави. На 18 мај 2014 година СЗО прогласи дека до 22 мај првата епидемија на ебола во западна Африка ќе биде ставена под контрола и спречена. Во тој момент од болеста беа заразени 2.000 луѓе.
Потоа, откако американскит државјанин Патрик Соер во Нигерија беше заразен со ебола и стигна во САД во почетокот на минатиот јули, каде потоа почина, во развиениот свет и тамошните медиуми еболата стана покренувач на невидена паника. Минатата есен научниците на големо лицитираа датуми на првото појавување на случаи на ебола во Франција, Велика Британија…, додека Центарот за контрола и превенција на болести во САД предупредуваше дека во следниот период бројот на заболени може двојно да се зголемува на секои 20 дена.
Ништо од тоа не се случи.
Во регионот физички речиси изолиран од светот, епидемијата замрзна со оружјето на обезбедените карантини на цели области, со кампања за подучување на народот за борба против оваа болест, со помош на домашни и странски лекари, повеќето доброволци и со пристигнати прилози од СБ, ЕУ, САД и други хуманитарци.
Државите од западна Африка погодени од еболата инсистираат тој регион да состави Предлог-Маршаловиот план за санирање и стратегија за негово спроведување. што ќе го претстави на пролетното заседание на Светска банка во април.