ЕП предупредува дека Национален фронт злоупотребувал пари

Од:

Европскиот парламент ја предупреди антикорупциската агенција на Европската унија ОЛАФ на можност француската екстремно десничарска партија Национален фронт да злоупотребила пари наменети за помошници на пратениците.

Парламентот во соопштение вели дека претседателот на ЕП Мартин Шулц го известил ОЛАФ за тоа откако откриле дека 20 луѓе добиле пари од буџетот како да се помошници на пратениците, но тие во документи на НФ се споменуваат како официјални претставници на партијата.

– Помошниците кои ги плаќа ЕП мора да извршуваат работа која е директно поврзана со пратеничкиот мандат, се вели во соопштението.

Францускиот весник  „Монд“ кој прв ја објави информацијата, некои од парламентарните асистенти земале стратегиски места во Националниот Фрнт, советувајќи ја директни лидерката Марин Ле Пен, или нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен. Според весникот, тоа што е недозволено е што тие се платени од Европската Унија, и штетата од оваа измама според пресметките може да изнесува 7,5 милиони евра за време на петгодишниот мандат.

ОЛАФ засега не се изјасни по тој повод ниту Националниот фронт чиј лидер Марин ле Пен е пратеничка во ЕП заедно со уште 22 членови на партијата вклучително и нејзиниот татко Жан-Мари ле Пен кој е основач на таа антиевропска и антиимиграциска партија.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано