ЕП почна процедура за одземање на имунитетот на Марин ле Пен

Од:

Европскиот парламент почна со процедура што може да предизвика одземање на имунитетот на Марин Ле Пен, европратеничка и кандидат за претседател на Франција, осомничена за злоупотреба на европски финансиски средства, изјави претсетаделот на ЕП, Антонио Тајани.

Француски судии побарале од европратениците да го укинат имунитетот на Ле Пен за судска истрага, за да може да се проверат тврдењата дека злупотребла европски пари со кои плаќала на соработници на нејзината партија Нациоанлен фронт.

– Барањето е поднесено во праванта комисија на ЕП одговорна за тоа прашње, изјави Тајани пред пратениците во почеток на пралементарна сесија во Брисел.

Француски медиуми пред неколку месеци објавија дека Ле Пен признала пред истрагата на Агенцијата на Европска унија за борба против измами (ОЛАФ), дека фиктивно го вработила својот телохранител Тјери Лежие како советник.

ОЛАФ им предала на француските судски органи извештај кои од март 2015 година, исто така, водат истрага за сомнежите за фиктивни вработувања од страна на екстремната десничарска партија во Европскиот парламент.

Според истрагата, европратеници на Националниот фронт вработиле 17 асистенти, од кои инспекторите од ОЛАФ изразиле сомнеж за реалноста на работниот однос на Тјери Лежие и на Катрин Гризе.

Европскиот парламент, врз основа на овој доверлив извештај од 28 страници, поведе постапка за наплата на исплатените плати на овие двајца вработени „асистенти“ на Ле Пен, во вкупен износ од 339.946 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски