ЕП ќе гласа за избор на Јункер за нов претседател на Еврокомисијата

Од:

Европскиот парламент денеска за време на сесијата во Стразбур ќе гласа за избор на Жан-Клод Јункер за претседател на следната Европска комисија, јави БТА.

За да бъде избран, Јункер треба да биде поддржан од најмалку 377 пратеници. Гласањето ќе биде тајно и ако биде неуспешно, претседателот на ЕП Мартин Шулц ќе треба да бара нова номинација од Европскиот совет во рок од еден месец.

Според членот 117 од правилникот за работа на ЕП, откако Европскиот совет ќе предложи кандидат за претседател на ЕК, претседателот на Парламентот го поканува кандидатот да се обрати пред пратениците и да ги претстави политичките насоки во пленарната сала. По обраќањето на кандидатот следи расправа.

Ако кандидатот биде избран на тајното гласање, претседателот на ЕП за тоа го известува Советот и бара од него и од новоизбраниот претседател на ЕК да ги предложат со општа согласност кандидати за еврокомесари.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он