Претседателот на Франција, Емануел Макрон отиде во британската амбасада во Париз, каде се потпиша во книгата со сочувство, јави дописникот на МИА.
Претседателот Емануел Макрон, во таа прилика пред портретот на кралицата, постави бела роза, симбол на британскиот народ.
Во видеото објавено кон крајот на утрото, претседателот Емануел Макрон и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.
„Почитувани граѓани на Обединетото Кралство и Комонвелтот, многу сме тажни“, рече шефот на државата пред да зборува на англиски.
„Нејзината мудрост и симпоатии ни помогнаа да тргнеме по патот меѓу каприците на историјата во изминатите 70 години. Нејзината смрт ни остава чувство на празнина “, рече тој.
Емануел Макрон, исто така, ги пофали силните врски што ги имаше кралицата со Франција, преку нејзината љубов кон културата, нејзиното владеење на јазикот и „нејзината длабока наклонетост кон Франција“.
„Ниту една друга земја немаше привилегија да ја прима толку често како ние. Со неа, Франција и Обединетото Кралство не само што споделија срдечно разбирање, туку и лојално, искрено и топло партнерство“, нагласи францускиот претседател.
По претседателот на Републиката, премиерката Елизабет Борн исто така отиде во британската амбасада во Франција за да го потпише регистарот на сочувство.
Извор: МИА