ЕМА: Украдените податоци пред објавувањето се „монтирани“ против доверба во вакцините

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска потврди дека податоците објавени на интернет по кибер нападот врз нив минатиот месец вклучуваат внатрешна и доверлива е-пошта од ноември за процесот на проценка на вакцините против Ковид-19.

ЕМА, која одобрува лекови, медицински помагала и вакцини за ЕУ, не даде повеќе детали, но изрази голема загриженост во изјавата за последиците што може да резултираат од објавувањето на податоците.

„Пред објавувањето на податоците, сторителите прилагодија одредена преписка на начин што може да ја наруши довербата во вакцините“, се вели во соопштението на ЕМА.

Агенцијата на ЕУ во декември потврди дека била цел на кибер напад и дека случајот се истражува со помош на полицијата.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он