Еквадорска Амазонија: Природен парк и река загадени од излевање нафта

Од:

Амазонската прашума е погодена од нова криза – излевањето нафта од оштетениот нафтовод во еквадорска Амазонија во петокот загади заштитено природно подрачје и река која снабдува со вода неколку села во североисточниот регион на Еквадор.

– Погодената област е во националниот парк Кајамбе-Кока и, според зонирањето, нафтата се излеа во заштитеното подрачје, се вели во соопштението на Министерството за животна средина.

Околу 21.000 квадратни километри од резерватот Кајамбе-Кока се загадени со нафта. Нафтата се излеа и во Кока, голема река во регионот на Амазонија што се влева во Рио Напо, додаде Министерството.

Овие две реки снабдуваат со вода многу заедници, вклучително и домородните.

До денес, ниту Владата, ниту приватната компанија OCP (Oleoducto de Crudos Pesados), која управува со гасоводот, не соопштија колку нафта се излеала во природата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голема потрага по четири деца кои се изгубија во џунглата на Амазон

Горан Наумовски

Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година

Ана Ололовска

Народ од Амазонија можеби го има клучот за справување со деменцијата

А1он

Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, над 103 илјади регистрирани во Амазонија

Ана Ололовска

Амазонската прашума за 18 години изгубила површина колку Шпанија

Ана Ололовска

Рекорден број пожари ја опустошуваат Амазонија и Пантанал во Бразил

Ана Ололовска